Top Sport

Борусија Парк ќе биде „полн“ за саботното дерби

Борусија Менхегладбах пред еден месец покрена интересна акција со цел да ги ублажи последиците во фудбалот во периодот на коронавирусот, но и да собере пари во добротворни цели за заедницата.

Навивачите на „колтовите“ за нешто помалку од 20 евра можеа да добијат своја фотографија од картон која ќе биде поставена на трибините на стадионот Борусија Парк.

Идејата на клубот на натпреварите да има некаква нормална атмосфера кога веќе фудбал треба да се игра без публика.

На стадионот се поставени околу 20.000 фотографии на верните навивачи.

„Картонските фотографии се споменик. Тие треба да покажат дека фудбалот без навивачи е невозможен. Ова беше одлична кампања која сигурно ќе придонесе да има една поинаква атмосфера на стадионот“, рекол спортскиот директор Макс Еберл.

Борусија в сабота во дербито на 27 коло ќе го пречека Баер Леверкузен.

Scroll to Top