Баерн Минхен, во неверојанта завршница, ја одбрани титула во Бундес лигата. Баварците ја освоија 11 последовна титула, 33 во клупската историја. Херој на баварците е Џамал Мусијала кој постигна гол за победа во келн во 89.минута. Борусија Дортмунд во последното мколо влезе од првото место, не успеа да го победи Мајнц (2:2). Трагичар е Себастијан Але кој промаши пенал во 19.минута, при резултат 0:1.
Баерн во Келн победи со головите на Коман и Мусилаја (1:2). Мусијала на теренот влезе во 85.минута, а четири минути подоцна го постигна голот за шампионската титула.
Мајнц два пати го шокираше Дортмунд со головите на Олсен во 15. и Онивису во 24.минута. Гереиро намали на 1:2 во 69/.минута, а конечните 2:2 ги постави Зиле во 96.минута.
На крајот двата тима завршија со 71 бод, Баерн има и подобра меѓусебен скор и подобра гол-разлика.
Од лигата покрај Херта испадна и Шалке. Лајпциг го победи Шалке со 4:2.
Бараж за опстанок ќе игра Штутгарт, а покрај Баерн, Борусија Дортмунд и Лајпциг ќе игра Унион Берлин.