Top Sport

Борусија загуби во Швабија, Баерн може да ги „стигне“ (видео)

Борусија Дортмунд е под притисок, откако загуби со 2:1 на гостувањето кај Аугзбург, дозволувајќи по крајот на викендот да биде израмнета со Баерн Минхен на врвот на Бундеслигата.

Кризата на тимот на Лусиен Фавр се зголемува по катастрофалниот пораз од Тотенхем во Лигата на шампионите и големиот број на критики кои ги претрпеа фудбалерите од локалните медиуми и од навивачите.

На „ВВК арената“ клучен човек беше Кореецот Џи-Донг Вон, кој постигна два гола, по еден во двете полувремиња за на „Швабите“ да им донесе 2:0 водство, кое БВБ успеа само да го намали преку Пако Алкасер во 81. минута.

Аугзбург со победата има 21 поен на 15. место, пет поени пред локалните ривали Штутгарт во борбата за опстанок во германската елита.

Фото: ЕПА

Scroll to Top