Top Sport

Рекорд на кариерата на Бил, трипл-дабл на Вестбрук

Вашингтон Визардс, Оклахома Тандер и Торонто Репторс славеа победи во натпреварите во НБА лигата, кои се одиграа изминатата ноќ.

Оклахома славеше против Јута Џез 100:94, иако во третата четвртина имаше негатива од 17 поени.

Расел Вестбрук го предводеше тимот со седмиот трипл-дабл во сезоната (34 поени, 13 скока, 14 асистенции). Двоцифрен ефект имаа уште Пол Џорџ (21 поен), Стивен Адамс (20 поени, 9 скока) и Кармело Ентони (14 поени, 8 скока).

Јута беше предводена од Донован Мичел со 31 поен.

Вашингтон по дебаклот од Јута и поразот од 47 поени, победи во дуелот со Портланд Трејлблејзерс 106:92. Бредли Бил со рекордни во кариерата 51 поени го предводеше Вашингтон.

Бил е третиот играч кој во тековната сезона постигнал преку 50 поени на еден натпревар. Претходно тоа го направија Леброн Џејмс и Џејмс Харден.

Торонто Репторс против Феникс Санс ја забележаа деветтата домашна победа на десеттиот меч сезонава. Кајл Лаури имаше учинок од 20 поени и 10 асистенции, ист број на поени постига Демар Дерозан, додека Серж Ибака уфрли 19 кошеви.

Scroll to Top