Top Sport

Босанците победија во Казахстан

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина забележа важна победа во квалификациите за пласман на Светското првенство. Босанците славеа во Нур-Сулатан, над Казахстан со 2:0.

Босна и Херцеговина, без Пјаниќ, Круниќ, Саничанин и уште седуммина други фудбалери успеа победнички да мине низ Казахстан. Коронавирусот, повредите и ограничувањата на казахстанските власти (четворица не добија визи за влез во земјата), го скорија тимот на БиХ, кој на крајот немаше проблем со домаќинот.

Херој на БиХ е напаѓачот на Еупен, Самил Превљак кој го постигна головите во 25. и 66.минута. Победата на БиХ можеше да биде изразена и со повеќе голови, капитенот Џеко еднаш ја погоди стативата, еднаш гредата.

БиХ со оваа победа се искачија на второто место во Д-групата со шест бода, шест помалку од Франција, која има меч повеќе. БиХ е пред Украина и Финска кои имаат по пет бода.

Scroll to Top