Top Sport

Босанска смешка – невидено симулирање на тренерот на Фоча (видео)

Од „славните“ терени на втората лига на Република Српска, доаѓа еден од најбизарните обиди за симулирање во историјата на фудбалот.

Во дуелот од 13. коло против Сутјеска од Фоча и Леотар од Требиње, домашниот тренер најде уникатен начин да „одолговлекува“ време при 1:0 водство на неговиот тим. Откако една топка го удри го стомак, тој прво застана, па потоа влезе на теренот и почна да се тркала во обид судијата да го прекине мечот.

Сепак, судијата не „падна“ на трикот и му покажа црвен картон.

Scroll to Top