Екс-македонскиот фудбалски репрезентативец, тетовецот Бошко Ѓуровски кој голем дел од играчката и тренерска кариера помина во Црвена Звезда смета дека Митар Мркела и Дејан Станковиќ прават добра работа.
„Сјајна сезона е зад првиот тим на Звезда. Да се игра двапати по ред во ЛШ и да се остваруваат победи е огромен успех. Ја освоивме третата титула шампион на државата во низа и со тоа Звезда ја `подигна летвичката`. Сезонава пружавме одлични партии, растевме од меч во меч, а се надевам дека следната година ќе биде уште подобра“ – рече Ѓуровски во изјава за српските медиуми.
Тој не крие дека на Звезда ќе и биде многу тешко во наредните квалификации за ЛШ.
„Не ми се допаѓа како ќе изгледа патот кон ЛШ, но таму играат врвни тимови кои имаат традиција, а ние секако припаѓаме тука. Покажавме многупати дека сме најсилни кога е најтешко“ смета Ѓуровски.
Тој ја пофали работата на тренерот Дејан Станковиќ за кого вели дека донесе посебна енергија во екипата.