Босна и Херцеговина ги заддржа шансите за пласман на Европското првенство во 2020 година, откако со 4:1 ја победи Финска, директниот ривал за второто место во групата Ј, каде што вечерва Италија ќе може да го обезбеди „билетот“.
Данска, пак, со гол во 85. минута успеа да стигне до минимална 1:0 победа над Швајцарија и да се израмни со Ирска на врвот на групата Д со 12 поени, оставајќи ги Швајцарците на -4. Романија, пак, рутински стигна до 3:0 победа кај Фарските Острови за да се искачи на второто место во групата Ф пред Шведска, која вечерва и гостува на Малта.
Изет Хајровиќ им донесе водство на Босанците во 29. минута, пред Миралем Пјаниќ во 37. минута да го удвои водството со гол од пенал. Пјаниќ во 68. минута повторно стрелаше, пред Армин Хоџиќ да зголеми на 4:0 во 73. минута. Финците успеаја само да постигнат утешен гол преку Џоел Похјанпало шест минути подоцна.
Данците, пак, се намачија 84 минути со Швајцарците, пред напаѓачот на РБ Лајпциг, Јусуф Поулсен да им донесе 1:0 победа со која си ги зголемија шансите за пласман на континенталното натпреварување.
ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Д
Грузија – Ирска 0:0
Данска – Швајцарија 1:0
Табела: 1.Ирска 12, 2.Данска 12, 3.Швајцарија 8, 4.Грузија 5, 5.Гибралтар 0
ГРУПА Ј
Босна и Херцеговина – Финска 4:1
Италија – Грција 20.45 ч.
Лихтенштајн – Ерменија 20.45 ч.
Табела: 1.Италија 18, 2.Финска 12, 3.БиХ 10, 4.Ерменија 9, 5.Грција 5, 6.Лихтенштајн 1
ГРУПА Ф
Фарски Острови – Романија 0:3
Малта – Шведска 20.45 ч.
Норвешка – Шпанија 20.45 ч.
Табела: 1.Шпанија 18, 2.Романија 13, 3.Шведска 11, 4.Норвешка 9, 5.Малта 3, 6.Фарски Острови 0