Top Sport

Бове можеби никогаш повеќе нема да игра фудбал

Постои можност играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове никогаш повеќе да не заигра фудбал, тврди еден од најстарите италијански весници „Ла Насионе“.

Бове колабираше во 17.минута на натпреварот Фиорентина – Интер. Брзата интервенција на лекарите му го спаси животот.

„Ла Насионе“, објави дека 22-годишникот бил префрлен од одделот за интензивна нега на кардиологија и дека ќе биде спроведена нова рунда тестови за да се утврди дијагнозата.

Доколку наодите покажат дека срцевиот удар е предизвикан од неправилна форма на срцето, ќе му биде вграден кардиовертер дефибрилатор (ICD, уред сличен на пејсмејкер), што би значело дека нема да може да игра фудбал, барем не во Италија.

Причината се упатствата за спортска медицина и кардиологија во таа земја, во кои е забрането учество на спортски натпревари за оние кои имаат вградено модификации на срцето.

Scroll to Top