Top Sport

Божинов претставен како засилување за второлигашот Пескара

Еден од големите фудбалски „патници“, Валери Божинов најде нов клуб, откако италијанскиот второлигаш Пескара потврди дека потпишале договор со поранешниот фудбалер на Јувентус.

Бугарскиот напаѓач беше без клуб откако си замина од Ботев Враца во јануари, и се враќа во Италија, каде што има 157 настапи во Серија А. Негов последен италијански клуб беше Тернана, по што во јули 2015 година замина во Партизан од Белград. 33-годишниот Божинов е претставен како големо засилување за клубот.

„Делфино Пескара 1936 потврдува дека ги обезбедило спортските услуги на бугарскиот напаѓач Валери Божинов“, се вели на веб-сајтот на второлигашот.

Пескара во моментов се на 10. место во Серија Б, еден поен зад Читадела, последниот клуб кој го зазема местото кое води во плејоф за влез во Серија А.

Scroll to Top