Top Sport

Валверде: Подобро ќе одам во Австралија отколку во Премиер лигата

Ернесто Валверде еден месец по отпуштањето од Барселона, признава дека почнува да размислува за следниот чекор во неговата кариера, но за разлика од повеќето тренери тој не би преферирал место во најбогатите европски клибови.

Валверде во своајта 18-годишна тренерска кариера работеше со врвните шпански клубови како Валенсија, Атлетик Билбао и Барселона, а двапати беше тренер и во Грција со Олимпијакос.

„Луѓето ме прашуваат понекогаш: ’А што мислиш за Премиер лигата?’. И, јас им одговарам дека повеќе би сакал да одам во Австралија. Кариерата во фудбалот не трае засекогаш и понекогаш мислам дека е потребно да ја искористиш шансата и да живееш на чудни места“, вели Валверде.

Тој вели дека бил воодушевен кога Андрес Иниеста решил од Барселона да се пресели во Висел Кобе во Јапонија во 2018 година.

„Му честитав на Андрес кога ми кажа дека ќе оди во Јапонија. Му завидував што ќе оди и ќе се обиде да разбере различна култура и различни луѓе. И мене многу ме интересира Јапонија, а бидејќи фотографијата ми е страст, тоа е совршено место. Ќе видиме каде ќе завршам, не сум без работа долго време и не морам да одлучам ништо сега“, додава Валверде.

Scroll to Top