Top Sport

Божинов: Влаховиќ ми кажа дека ќе биде е новиот Ибрахимовиќ

Бугарскиот фудбалски ветеран Валери Божинов вели дека им препорачал на Фиорентина да потпишат договор со Душан Влаховиќ, бидејќи самиот Србин му кажал дека е „новиот Златан Ибрахимовиќ“.

„Му кажав на Корвино да потпише со Влаховиќ уште кога тој имаше 15 или 16 години. Беше навистина луд фудбалер. Ми кажуваше: ‘Јас ќе сум Златан Ибрахимовиќ од Белград, ќе играм за најсилните клубови’. Ми се допаѓаше таа ароганција и од почеток мислев дека ќе стане силен фудбалер“, вели Божинов.

Божинов, кој во Италија играше во Лече, Јувентус и Фиорентина, исто така му оддаде почит на Чезаре Прандели, кој неодамна си замина од Виола.

„Тој е тренерот кој ме научи најмногу заедно со Земан. Секогаш ми даваше добри совети за кариерата и за приватниот живот. Се надевам дека сега се чувствува подобро“, вели Божинов.

Scroll to Top