Top Sport

Сер Алекс Фергусон жали за едно нешто со Јунајтед

Сер Алекс Фергусон имаше 26 годишен престој на „Олд Трафорд“, од 1986 до 2013 година, период во кој „ѓаволите“ беа сила во Англија (а понекогаш и во Европа), но покрај победите, тука беа и многу порази и една работа за која Шкотланѓанецот жали што ја направил.

Ферги признава дека се чувствува виновен што го „растурил“ еден од неговите најдобри состави на почетокот на ерата на Премиер лигата.

„Околу тоа за што жалам, тимот од 1994 година кој го имав, момците од одбраната заедно остареа. Тие беа фантастични. Пол Паркер, Стив Брус, Гери Палистер, Денис Ирвин – фантастични фудбалери. Ми дадоа 9 или 10 години, а доказите се на фудбалските терени. Тие можеби не мислат така, но јас го гледам тоа. Беше многу тешко да им кажам да си бараат нови клубови. Истото чувство е кога мора да ги пуштите младите фудбалери да си одат. Можеби има 17 или 18 години и мораш да му најдеш клуб и потоа да одиш и да му кажеш: ‘извини, но мора да го направиме ова’. Тоа е страшно. Најлошото е да пуштиш млад фудбалер, бидејќи му ги уништуваш амбициите и надежите дека ќе игра за Манчестер јунајтед пред 75.000 луѓе на Вембли. Тоа навистина го мразев“, вели 79-годишниот Фергусон.

Scroll to Top