Top Sport

Брахим Дијаз ја одјави Шпанија

Брахим Дијаз (24) одлучил да игра за Мароко, објавија извори како „Марка“, „Атлетик“ и инсајдерот Фабрицио Романо. Напаѓачот на Реал Мадрид има само еден настап за сениорската репрезентација на Шпанија, на пријателскиот натпревар против Литванија во 2021 година, кога беше стрелец во победата од 4:0.

Правилото на ФИФА вели дека фудбалерите можат да ја сменат репрезентација доколку имаат помалку од три настапи во сениорската репрезентација пред да наполнат 21 година и ако не играле за неа во последните три години.

Дијаз, значи, има право да ја смени репрезентацијата, а бидејќи има двојно шпанско-мароканско државјанство, реши да игра за оваа африканска земја.

Во последните пет години, мароканската федерација се обидуваше да го убеди да игра за нивниот тим. Промената се уште не е официјална, но тамошната федерација испратила барање до ФИФА за промена на репрезентацијата на Дијаз.

Дијаз беше член на академиите на Малага и Манчестер сити и има 15 настапи и два гола за првиот тим на англискиот клуб.

Реал го реализираше неговиот трансфер за 17 милиони евра во 2019 година, а потоа го испрати на позајмица во Милан, каде на 124 настапи постигна 18 и забелеа 15 асистенции.

Тој се врати во Реал во летото 2023 година, кога потпиша четиргодишен договор.

Scroll to Top