Top Sport

Брајтон донесоа Германец за 30 милиони евра

Германскиот фудбалер Брајан Груда го напушти Мајнц и се пресели ви Брајтон. Момчето кое има само 20 години потпиша договор со премиерлигашот до 2028 година. Медиумите на Островот истакнуваат дека вредноста на трансферот е околу 30 милиони евра.

Груда минатата сезона на 30 натпревари постигна четири гола и забележа три асистенции.

Тој се најде на поширокиот список на германската репрезентација за ЕП, но на крајот не се најде меѓу 25-те избрани.

Груда би можел да дебитира во дресот на Брајтон во сабота кога неговиот нов тим ќе се соочи со Евертон во првото коло од Премиер лигата.

Scroll to Top