Top Sport

Брајтон го победи Ливерпул и го прескокна на табелата

Брајтон го совлада Ливерпул со 3:0 и сега се наоѓа на седмата позиција на табелата во Премиерлигата прескокнувајќи ги токму „црвените“ кои важеа за фаворити за титулата пред стартот на сезоната.

Соломон Марч ги постигна првите два гола за домаќинот, а триумфот го завери Дани Велбек.

Нотингем Форест го совлада Лестер со 2:0, со двата гола на Бренан Џонсон, а Даниел Поденс му донесе триумф на Вулверхемптон од 1:0 против Вест Хем.

Саутемптон на гости го победи Евертон со 1:2, со пресврт во второто полувреме. Џејмс Ворд-Праус беше херој за „светците“ со два постигнати гола.

Scroll to Top