Top Sport

Брајтон ја најде замената за Кукуреља

Фудбалскиот клуб Брајтон е заинтересиран да го доведе играчот на Манчестер јунајтед Брендон Вилијамс, објавија англиските медиуми. Според медиумите, трансферот би изнесувал 15 милиони фунти, а левиот бек би бил одлична замена за Марк Кукуреља, доколку Манчестер сити успее да потпише договор со шпанскиот дефанзивец.

Вилијамс (21) е продукт на фудбалската академија на Манчестер јунајтед, минатата сезона ја мина на позајмица во Норич.

Прашање е дали ќе им треба на „галебите“ со оглед на тоа што навистина не се расположени да го продадат шпанскиот дефанзивец. Сити наводно понудил 35 милиони евра, на кои Брајтон побарал 55 евра плус бонуси.

Во меѓувреме се појавија информации дека Пеп Гвардиола се свртел и кон хрватскиот играч Борни Соса кој настапува за Штутгарт.

Scroll to Top