Ден по завршувањето на сезоната во Премиер лигата, Брајтон објавија декам у врачиле отказ на менаџерот Крис Хјутон. Заедно со Хјутон клубот ќе го напуштат и неговите помошници Пол Тролоп и Пол Невин.
Брајтон сезоната ја завршија со пораз од Манчестер сити (1:4), а на конечната табела се на 17 место. Брајтон со Хјутон имаа девет победи, девет нерешени резултати и дури 20 порази.
Екипата имаше исклучително лоша низа на резултати, на последните 23 натпревари забележа само три победи, поради што Хјутон и доби отказ.
„Без сомнение ова беше една од најтешките одлуки што морав да го донесам како претседател на Брајтон. Поради проблемите што ги имавме во вториот дел од сезоната морав вака да реагирам. Секогаш ќе се сеќаваме на Крис како на еден од најдобрите менаџери во историјата на клубот“, рекол првиот човек на Брајтон, Тони Бум.
Крис Хјутон стана менаџер на Брајтон во 2014 година, кога тимот се бореше за опстанок во Втората лига. Тој успеа во 2017, по пауза од 34 години, да го внесе Брајон во најсилната англиска лига.