Top Sport

Марка: Ова е најлошиот Реал во 21 век

Реал Мадрид, вчера во Сан Себастијан, го забележаа 17 пораз оваа сезона во сите натпреварувања. Реал Сосиедад победија со 3:1, а „Марка“ констатира дека во 21 век „кралскиот клуб“ никогаш не бил поразен на толку натпревари во една сезона.

Последниот ваков неуспех на Реал бил во сезоната 1998/99, значи пред 20 години, кога бил забележан ист број на порази.

Оваа сезона тимот го предводеа тројца тренери, Хулен Лопетеги, Снтијаго Солари и Зинедин Зидан. Во првенството, во пресрет на последното коло Реал има 18 бода помалку од Барселона, од која испаднаа во Купот на Кралот. Во Лигата на шампионите доживеаја вистински дебакл од Ајакс во четврт-финалето.

Реал оваа сезона ќе ја завршат со натпреварот против Бетис.

Scroll to Top