Top Sport

Брајтон платија 35 милиони за 18-годишниот Костулос

Англискиот фудбалски клуб Брајтон го договори трансферот на 18-годишниот напаѓач на Олимпијакос, Хараламбос Костулос за 35 милиони евра.

Костулас во четвртокот помина медицински прегледи и се очекува да потпише петгодишен договор што ќе стапи на сила на 1 јули, објави Би-Би-Си.

Овој трансфер го сруши претходниот рекорд за износот на надоместокот што еден грчки клуб го доби за својот играч, кој го држеше Олимпијакос кога Вулверхемптон плати 16,6 милиони фунти за Даниел Поденс во 2020 година.

Костулас, кој игра за младинската репрезентација на Грција (до 21 година), го имаше своето деби за првиот тим на Олимпијакос во 2024 година, откако помина низ младинската академија на клубот од Пиреја.

Минатата година, тој беше стандарден првотимец во тимот на Олимпијакос кој ја освои престижната младинска Лига на шампиони на УЕФА, победувајќи ги Интер и Баерн на патот до финалето, а во мечот за титулата го совладаа Милан.

Во текот на последната сезона во грчкото првенство, тој постигна седум гола во 22 лигашки натпревари.

Scroll to Top