Top Sport

Брајтон со гол во 91. минута освои бод во дербито со Саутемптон (видео)

Брајтон вторпат во два натпревари успева да се врати од два гола негатива, за да одигра 2:2 на гостувањето кај Саутемптон во последниот меч од петтото коло во Премиер лигата во меч во кој имаше сѐ – два пенали, неверојатен гол од 35 метри и многу акција.

Пјер-Емил Хојбјерг постигна апсолутно неверојатен гол по половина час игра, од 35 метри, а Дени Ингс го удвои водството на домаќините по час игра. Меѓутоа, Брајтон не се откажаа и прво преку Шејн Дафи бргу намалија на 2:1, пред во драматична завршница, Глен Мареј да погоди од белата точка за 2:2 во дербито на јужниот брег на Англија.

Scroll to Top