Top Sport

Браќата Игуаин ќе играат во ист клуб

Се ближи крајот на соработката помеѓу Јувентус и Гонзало Игуаин. Аргентинецот е далеку од формата во која се наоѓаше кога Јуве платија 90 милиони евра за него. Игуаин ќе замине од Торино прашање е само каде.

Шпекулациите говорат дека тој може да се врати во Ривер Плата, но можно е да се пресели во САД. Ди-Си Јунајтед се заинтересирани за неговите услуги.

Доколку се договори со овој клуб еден од соиграчите на Игуаин ќе му биде неговиот брат Федерико.

Ди-Си Јунајтед биле подготвени да платат обесштетување за да го донесат Игуаин во своите редови.

Scroll to Top