Премиерлигашот Вест Бромвич Албион доби засилување во дефанзивниот ред, едногодишен договор со екипата потпиша српскиот интернационале, Бранислав Ивановиќ.
Дефанзивецот кој последните три ипол сезони ги помина во Зенит, а пред тоа 9 сезони беше дел од лондонски Челси повторно се враќа на Островот.
„Премиерлигата е најдобрата во светот. Морам да се докажувам и подготвен сум за предизвикот. Имам многу амбиции и сакам да докажам многу работи. Ќе дадам се од себе за екипата“ рече Ивановиќ кој во ВБА доаѓа како слободен играч.
Задоволен од неговиот ангажман беше и тренерот на екипата, Хрватот Славен Билиќ.
„Тој оствари се во неговата кариера, која е фантастична. Одушевени сме затоа што носи квалитет и искуство на теренот“ – рече Билиќ.
Welcome to West Bromwich Albion, Branislav Ivanović ✍️?? pic.twitter.com/kXDjQpbmdm
— West Bromwich Albion (@WBA) September 15, 2020