Top Sport

Брајан Лаудруп по 10 години го победи ракот

Легендарниот дански фудбалер, Брајан Лаудруп (51) ја оствари најголемата животна победа. Тој е еден од најголемите дански фудбалери во историјата на оваа земја, кариерата ја помина во бројни клубови меѓу кои Баерн Минхен, Фиорентина, Челси и Ајакс.

Цели 11 години беше дел од селекцијата на Данска со која во 1992 сензационално стана европски шампион.

Пред 10 години му беше дијагностициран рак, па Данецот дури сега објави на социјалните мрежи дека ја победи болеста.

„По 10 години прегледи и третман, денес објавувам дека конечно го победив ракот“ напиша Лаудруп.

Scroll to Top