Top Sport

Брант ги врати Дортмунд на победите

Јулијан Брант постигна два гола за да ги предводи Борусија Дортмунд до 2:0 гостинска победа кај Штутгарт во првиот меч од 29. коло во Бундеслигата, за да ја прекине серијата од два меча без победа за „милионерите“, и сега Баерн Минхен бегаат шест поени пред нив на седум кола пред крајот на сезоната.

Мечот започна лошо за „милионерите“, кога Џио Рејна мораше да се повлече во солзи по само шест минути игра по враќањето на повредата на бутниот мускул и на неговото место влезе токму Брант, кој во 12. минута по асистенција на Ерлинг Халанд го отвори резултатот.

Борусија остана и без Махмуд Дау, кој мораше да биде изваден од игра во 36. минута исто так поради повреда, а победата беше  запечатена во 71. минута од мечот повторно преку Брант.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top