Top Sport

Братот на Агуеро удри по Пеп: Тој никогаш не го сакаше мојот брат

Серхио Агуеро не успеа да добие совршено збогување со Манчестер сити по поразот од 1:0 во финалето на ЛШ од Челси, по што неговиот брат реши да проговори за односот на популарниот Кун со Пеп Гвардиола, за што и претходно имаше многу шпекулации.

Се тврдеше дека Агуеро воопшто не сакал да си замине од Сити на крајот на сезоната, но дека Гвардиола го советувал тимот да не му го продолжат договорот, по што двајцата не разговарале меѓу себе повеќе месеци.

Сега, Маурисио дел Кастилјо, еден од браќата на аргентинскиот фудбалер (кој најверојатно ќе заврши во Барселона), на Твитер јасно кажа што мисли за Гвардиола.

„Откако Гвардиола пристигна во Манчестер сити, тој никогаш не го сакаше мојот брат“, напиша Дел Кастилјо на Твитер, пред малку подоцна да ја избрише пораката.

Разделбата, очигледно, и покрај сите шпалири и убави говори, не е толку „емотивна“.

Агуеро е лут на Гвардиола, воопшто не сакал да си оди од Сити

 

Scroll to Top