Top Sport

Швајцарскиот тинејџер Дупаские почина по страотната несреќа во Муџело

Мото ГП шампионатот потврди дека 19-годишниот Мото3 возач од Швајцарија, Џејсон Дупаские починал во болницата во Фиренца по вчерашниот страотен инцидент на квалификациите за Италијанското ГП во Муџело.

„Длабоко сме потресени што мораме да ја пренесеме вест за зазагубата на Џејсон Дупаские. Во името на целото Мото ГП семејство праќаме пораки на сочувство и на љубов кон неговиот тим, неговото семејство и неговите сакани. Ќе ни недостасуваш, Џејсон. Вози во мир“, објавија од Мото ГП.

Дупаские падна на вчерашните квалификации во Муџело, по што Јапонецот Ајуми Сасаки налета на него и излета од мотоциклот.  Дупаские дури половина час добиваше медицинска помош на патеката, пред да биде однесен со хеликоптер во клиниката во Фиренца со катастрофални повреди на главата.

Scroll to Top