Top Sport

Братот на Игуаин се налути: Доста зборувате за Гонзало, нашата мајка се бори со рак

Никола Игуаин, братот на напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин, побара аргентинските и италијанските медиуми да ја почитуваат приватноста на нивното семејство, откривајќи дека нивната мајка се бори со ракот.

Игуаин беше критикуван зошто сред епидемија на корона вирусот во Италија си замина од Торино да се врати во Аргентина, и тоа преку Франција и Шпанија по само една недела во самоизолација, додека тројца негови соиграчи (Дибала, Ругани и Матуиди) имаат позитивни тестови.

„Нашата мајка, како и многу луѓе на светов, се бори со болеста наречена рак. На овие луѓе не им е грижа за здравјето на мојата мајка, туку само за магичниот збор, кој во овој случај е ’Игуаин’. Мојот брат Гонзало пристигна во Аргентина со одобрување од клубот и со потврда дека е негативен на Ковид-19. Како и секој Аргентинец, тој го почитува карантинот. Не избега, океј? Причината беше да биде со нашата мајка во оваа непосакувана ситуација“, напиша Никола Игуаин.

Scroll to Top