Top Sport

Лацио по критиките го откажаа утрешниот тренинг

Лацио на официјалниот веб-сајт потврдија дека го одложуваат закажаниот утрешен тренинг, по големите критики кои ги претрпеа за одлуката во сред пандемијата со корона вирусот.

Лацио, заедно со Наполи, бараа нивните фудбалери да продолжат со тренинзите што е можно побргу и покрај препораките на лекарите во Италија тие да не се враќаат на тренинзи до 3 април, до кога трае првичната одлука на италијанската влада за „затварање“на земјата.

Оваа одлука наиде на голем број на критики, прво од претседателот на синдикатот на играчи Дамјано Томаси, а потоа и од претседателите на Торино, Урбано Каиро и на Бреша, Масимо Челино.

Наполи, пак, остануваат на планот да се вратат на тренинзи во среда.

Scroll to Top