Top Sport

Братот на Вејн Руни постигна гол од пола терен!

Џон Руни, помладиот брат на легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни, конечно, го стави братот во сенка, откако постигна спектакуларен гол од половина терен во првото коло ФА купот за неговите Стокпорт каунти, клуб кој се натпреварува во петтата англиска лига.

Стокпорт дојде во водство токму со голот на Руни Јуниор на почетокот на мечот, кога тој од огромна далечина упати спектакуларен удар за да го реши противничкиот голман. Стокпорт на крајот стигна до 2:1 победа.

Scroll to Top