Вечерва со натпреварите во групите А, Б, Ц и Д ќе биде отворено второто коло во Лигата на шампионите. Најпривлечниот натпревар ќе се одигра во Лондон, каде на вице-првакот на Европа, Тотенхем ќе му гостува Баерн Минхен.
Тотенхем освои само бод во првото коло во Атина. Иако имаа предност од 0-2, играчите на Маурицио Покетино не успеаја да ги совладаат Олимимпијакос. Доколку сакаат да се борат за првото место во групата Д, победата против Баерн вечерва е императив за Тотенхем.
Од друга страна Баверците сигурно стартуваа во групата со победата 3-0 над Црвена ѕвезда.
Внимание вечерва ќе привлече и вториот дуел од оваа група помеѓу збратимените клубови Црвена ѕвезда и Олимпијакос. Иако дуелот е „братски“ двата тима ја посакуваат победата.
Група А:
18.55: Реал Мадрид-Клуб Бриж
21.00: Галатасарај-Пари Сен Жермен
Табела: ПСЖ 3, Галатасарај 1, Бриж 1, Реал 0
Група Б:
21.00: Црвена ѕвезда-Олимпијакос
21.00: Тотенхем-Баерн Минхен
Табела: Баерн 3, Тотенхем 1, Олимпијакос 1, Црвена ѕвезда 0
Група Ц:
18.55: Аталанта-Шахтјор
21.00: Манчестер сити-Динамо Загреб
Табела: Ман.сити 3, Динамо 3, Шахтјор 0, Аталанта 0
Група Д:
21.00: Јувентус-Баер Леверкузен
21.00: Локомотив Москва-Атлетико Мадрид
Табела: Локомотив 3, Атлетико 1, Јувентус 1, Баер 0