Top Sport

Братучедот на Рејес открива детали од страшната несреќа: Летавме!

Хуан Мануел Калдерон, братучедот на Хозе Антонио Рејес, поранешниот фудбалер кој загина во сообраќајна несреќа на 1 јули, и беше единствениот преживеан во несреќата, за полицијата дал изјава дека возеле пребрзо кога се случил инцидентот, објавува „Марка“.

Рејес и неговиот друг братучед, 23-годишниот Џонатан загинаа на лице место, додека 22-годишниот Калдерон продолжува да се бори за својот живот во болницата.

Според весникот, Калдерон во изјава за полицијата кажал дека тие „летале“, но и дека не се сеќава што направил Хозе. Автомобилот се удрил во бетонски блокови и летал повеќе од 90 метри според трагите на патот. Полицијата тврдеше дека Рејес патувал со брзина од 220 км/ч.

Страотни слики од местото на несреќата

Scroll to Top