Top Sport

Шарапова, конечно, се враќа на тенисот на Мајорка опен

Поранешната светска тенисерка број 1, Марија Шарапова ќе го направи кам-бекот на тениските терени на Мајорка опен, откако прифати вајлд-карта на турнирот на трева.

Петкратната гренд слем шампионка нема играно од јануари, кога се повлече од второто коло на Санкт Петерсбург опен поради повреда на десното рамо, по што беше на операција.

„Среќна сум што можам да прифатам да играм во Мајорка. Се заблагодарувам на турнирот за шансата и на сите навивачи кои ми праќаа пораки со поддршка“, вели 32-годишната Русинка.

Мајорка опен е подготвителен турнир за Вимблдон, и почнува на 17 јуни, а на него ќе играат и актуелната шампионка од Вимблдон, Анџелике Кербер и Белорусинката Викторија Азаренка.

Scroll to Top