Top Sport

Бразил бара ФИФА да ги казни англиските клубови

Фудбалскиот сојуз на Бразил побара од ФИФА да примени санкции кон англиските клубови од Премиер лигата. Бразилците бараат казни за шест клубови кои не ги пуштија репрезентативците да настапат во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство.

Бразил, како држава, се наоѓа на црвената листа во Велика Британија. Според здравствените протоколи за сите оние кои од Бразил влегуваат во Велика Британија задолжителен е десет дневен карантин.

Со евентуални санкции се соочени Манчестер јунајтед, Лидс, Евертон, Манчестер сити, Ливерпул и Челси.

Scroll to Top