Нејмар ќе го пропушти јужноамериканското Ел класико, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Бразил, во среда во 3 часот по средно-европско ќе гостува во Аргентина.
Фудбалскиот сојуз на Бразил соопшти дека, Нејмар, на последниот тренинг почувствувал болка во бутниот мускул.
„Се пожали на болка во мускулот. Бидејќи не сме во можност да извршиме дополнителни прегледи, решивме фудбалерот да не патува со репрезентацијата во Сан Хуан“, се наведува во соопштението.
Бразил веќе избори пласман на СП, додека Аргентина тоа ќе го направи со евентуална победа.