Top Sport

Бразил лесно со Венецуела на стартот на Копа Америка

По сите неизвесности со коронавирусот, изминатата ноќ, започна Копа Америка. Натпреварувањето го отворија Бразил и Венецуела. Бразил забележа лесна победа 3:0, против тимот кој поради позтибни тестови не можеше да смета на 12 фудбалери.

Венецуела добро се држеа против фаворитот за титулата. Првиот гол го постигна Маркињос во 24.минута. На вториот гол се чекаше до 64 минута кога гол постигна соиграчот на Маркињос од ПСЖ, Нејмар.

Конечниот резултат го потсваи Габриел Барбоса во финишот на мечот.

Во второто коло, Бразил ќе игра против Перу на 18.јуни, ден претходно Венецуела ќе игра против Колумбија.

Scroll to Top