Top Sport

Бразил не се откажува од Анчелоти

Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) не се откажува од надежта да го убедат Карло Анчелоти да си замине од Реал Мадрид и да стане нивни нов селектор, тврди „Атлетик“.

Петкратните светски шампиони се без селектор по заминувањето на Тите по разочарувачката елиминација на Светското првенство во Катар. Анчелоти подолго време се поврзува со оваа позиција и покрај тоа што тој неколку пати демантираше дека ќе замине од Реал Мадрид.

Претседателот на ЦБФ, Едналдо Родригеш го постави мај како краен рок за одлукат за селектор, но сега е подготвен да го продолжи рокот за да го убеди Анчелоти. Жозе Мурињо, Жорге Жесус, Фернандо Диниз и Абел Фереира се другите кандидати за позицијата.

Scroll to Top