Top Sport

На Енди Кол не му е гајле што Халанд го сруши неговиот рекорд

Легендата на Манчестер јунајтед, Енди Кол вели дека воопшто не му е гајле што Ерлинг Халанд го сруши неговиот рекорд по бројот на голови во една премиерлигашка сезона, објаснувајќи дека фудбалот едноставно е тимски спорт.

Кол постигна 34 гола во 1993/94, и оттогаш само Алан Ширер успеа да го достигне овој рекорд, по што Мохамед Салах беше најблиску со 32 гола во 2017/18. Но, овие рекорди паднаа во вода откако Халанд постигна 36 гола во 35 меча оваа сезона.

„Навистина не ми е гајле. Искрене сум. Не сум загрижен за тоа некој да ми го сруши рекордот по голови, бидејќи ваквите рекорди се поставуваат за некој да ги сруши. Зошто би бил разочаран? Бидејќи некој постигнал повеќе голови од мене? Беа потребни 20 години некој да биде блиску“, вели Кол за „Дејли мејл“.

Scroll to Top