Фудбалската конфедерација на Бразил денес официјално се откажа од кандидатурата за домаќин на Светското првенство за фудбалерки во 2023 година.
Бразилците решиле да ја повлечат кандидатурата бидејќи не може да ги понуди потребните гаранции поради влијанието на пандемијата што ја предизвика коронавирусот.
Во трката за добивањето на организацијата на СП во 2023 година останале Јапонија и Колумбија, односно заедничката кандидатура на Нов Зеланд и Австралија.
Бразил објави дека ќе ја поддржи кандидатурата на Колумбија бидејќи досега Јужна Америка никогаш не добила можност да организира Светско првенство за фудбалерки.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на онлајн седница, на 25 јуни, ќе го одреди домаќинот.