Top Sport

Челниците на Реал го разочарале Рамос

Серхио Рамос преговара со Реал околу новноот договор. Актуелниот договор на 34 годишниот фудбалер истекува во јуни 2021 година. Капитенот на Реал има желба да го продолжи договорот и порачал дека ќе игра се додека се чувствува добро на теренот.

Според шпанските медиуми Рамос бил разочаран од клупските челници кои му понудиле да ја продолжи соработката до 2022 година. Тој очекувал дека клубот ќе му ја продолжи соработаката на уште две години, односно би ја продлжил верноста до јуни 2023 година.

Рамос пред 15 години од Севилја за сума од 30 милиони евра стана играч на реал Мадрид.

Во досегашната кариера ги освоил сите значајни трофеи во клупскиот и репрезентативниот фудбал.

Scroll to Top