Top Sport

Бразил за Катар ќе се подготвува во Европа

Фудбалската репрезентација на Бразил од 14. ноември ќе се подготвува во Европа за Светското првенство во Катар на локација која допрва ќе се утврдува.

Ова го потврди и координаторот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Жунињо Паулиста, кој исто така рече дека тимот ќе пристигне во Катар на 19. ноември, пет дена пред првиот натпревар на Светското првенство против Србија.

Други ривали на Бразил во групата Г се Швајцарија и Камерун.

„Ќе се собереме во Европа за играчите кои играат таму да стигнат побрзо. Овој пат имаме само една недела подготовки, така што ќе значи секкој ден што можеме да го заштедиме“, изјави Жунињо.

Бразил пред четири години ги започна подготовките во Рио де Жанеиро, потоа десет дена се пресели во тренинг центарот на Тотенхем во Лондон, а потоа отпатува за Русија.

Репрезентацијата на Бразил загуби во четвртфиналето од Белгија на СП 2018 со 2:1.

Бразил следниот месец ќе одигра два пријателски натпревари во Азија – против Јужна Кореја во Сеул и против Јапонија во Токио.

Scroll to Top