Златко Далиќ, на последните две Светски првенства забележа брилијантни резултати со Хрватска. Во 2018, Хрватите беа втори во Русија, четири години подоцна во Катар, го освоија третото место. Логично е дека во фудбалскиот свет владее голем интерес за хрватскиот селектор.
„Вечерњи лист“, повикувајќи се на бразилските медиуми, објави дека интерес за услугите на Далиќ покажале од Фудбалскиот сојуз на Бразил. Далиќ со Хрватска го елиминираше Бразил во четвртфиналето на Мундијалот во Катар. По тој натпревар селекторот Тите ја напушти функцијата.
Според бразилските медиуми, Далиќ ќе добие понуда од Бразил, па би можел да стане само третиот странец кој ја предводи оваа репрезентација.
Низ историјата Бразил го предводеле Уругваецот Рамон Платеро и Португалецот Хорхе Гомеш да Лима, а дали Далиќ ќе биде трет, останува да се види.