Top Sport

Бразилците го замолиле Нејмар да не се повлекува

Бразилските фудбалери го замолија соиграчот Нејмар да остане во националниот тим, по разочарувачкиот резултат на Светското првенство во Катар.
Како што пренесува веб-страницата „Goal.com“, голем број бразилски фудбалски ѕвезди, меѓу кои Винисиус Жуниор, Родриго, Ришарлисон, Рафиња, Лукас Пакета и Антони, побарале од Нејмар да не се пензионира од репрезентацијата.

„Нејмар сака да се одмори и да ги пропушти натпреварите на репрезентацијата кои се закажани за почетокот на следната година, но нема намера целосно да се повлече од националниот тим“, пишува порталот.

Бразил беше елиминиран од Мундијалот во Катар по изведувањето на пенали и поразот од Хрватска во четвртфиналето, а после тоа Нејмар не сакаше да каже дали ќе продолжи да настапува за националниот тим.

Scroll to Top