Top Sport

Бразилците со контроверзен пенал до победа над стариот ривал Уругвај (видео)

Бразил го победи Уругвај со 1:0 во јужноамериканскиот пријателски меч на „Емирати“ во Лондон, и тоа со гол од пенал во последните 15 минути од мечот.

Дуелот на двете репрезентации кои добро се познаваат помина во цврста игра на одбраните, и на моменти изгледаше дека Уругвај ќе ја прекине победничката низа на Бразил, пред во 75. минута англискиот судија Крег Посон да реши дека Диего Лаксалт го фаулирал Данило доволно за да досуди пенал.

Нејмар беше сигурен од белата точка за тимот на Тите да стигне до петта победа едноподруго по елиминацијата на СП во Русија.

Фото: ЕПА

Scroll to Top