Top Sport

Бразилците со убедлива победа во Москва (видео)

Бразил со 3:0 го совлада домаќинот на Светското првенство во фудбал, Русија во Москва, покажувајќи дека се работи за сериозен конкурент за титулата ова лето.

На обновениот „Лужники“, каде што во јули ќе се игра и финалето на Мундијалот, Русите успеаја да го издржат притисокот во текот на првото полувреме, пред „Селесао“ да ја покаже својата сила во нападот.

Дефанзивецот на Интер, Миранда се најде на вистинското место во 53. минута за да го совлада Акинфеев за водство од 1:0. Само девет минути подоцна Бразилците поведоа со 2:0, откако прво Паулињо беше соборен во шестнаесетникот, а новата ѕвезда на Барселона, Филип Кутињо беше сигурен од белата точка. Четири минути подоцна, мечот беше одлучен откако Паулињо беше највисок во скокот за конечни 3:0.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

Азербејџан – Белорусија 0:1

Кипар – Црна Гора 0:0

Русија – Бразил 0:3

Фото: ЕПА

Scroll to Top