Top Sport

Тотенхем по пауза од 18 месеци донесоа нов играч

По 18 месеци фудбалскиот клуб Тотенхем решија да ангажираат нов играч. Договор со екипата од „Вајт Харт Лејн“ потпиша Џејк Кларк од Лидс.

Поради она што изминатите години се случува на фудбалскиот пазар и парите што клубовите ги трошат во преодните рокови, неверојатно звучи податокот дека Тотенхем по пауза од 517 дена ангажираже нов играч.

Во јануари 2018 година во тимот пристигна Лукас Моура од ПСЖ, а 18 месеци подоцна Тотенхем го потпиша и Џејк Кларк за сума од 10 милиони фунти.

Иронијата на овој трансфер е што 18 годишниот Кларк веднаш ќе биде вратен во Лидс каде ќе игра како позајмен фудбалер.

Инаку, вистинскиот трансфер за ова лето Тотенхем треба да го направи во наредните денови, односно клубот треба да ја официјализира соработката со Ндомбеле од Лион кој ќе стане најскапиот играч во клупската историја.

Scroll to Top