Артур, еден од најдобрите играчи на јужноамериканскиот првак Гремио, во трансфер „војна“ ќе ги турне двата најголеми шпански клуба Барселона и Реал Мадрид.
Гремио утре против Реал ќе се бори за титулата на Светското клупско првенство, а во центарот на вниманието кај бразилскиоѕ тим ќе биде 21-годишниот Артур, кој заедно со Луан е најзаслужниот за освоената титула во Коша Либертадорес.
Наводно Реал веќе стапил во преговори со Гремио.
Клубот нема да се противи на продажбата доколку Реал ја плати откупната клаузула, која според новиот договор, кој играчот неодамна го потпиша, изнесува 50 милиони евра.
Доколку клубовите се договорат, Гремио ќе побара Артур да остане во клубот до јуни.
Инаку Артур пред десет дена се фотографираше во дресот на Барселона. Раководството на клубот од „Ноу Камп“ смета дека Бразилецот е идеална замена за Иниеста, кој се ближи кон залезот на својата кариера.
?FOTO RAC1. Robert Fernández amb Arthur Ramos, jugador del Gremio de Portoalegre #frac1 pic.twitter.com/ZSTkuZyyok
— El Barça juga a RAC1 (@FCBRAC1) December 2, 2017