Top Sport

Бразилецот Игор е „виновникот“ што пропадна трансферот на Гуеи во Ливерпул

Ливерпул, последниот ден од преодниот рок го донесе Александер Исак, но не успеа да го реализира трансферот на Марк Гуеи и покрај тоа што капитенот на Кристал Палас ги мина медицинските прегледи на „Енфилд“.

Трансферот пропадна бидејќи Кристал Палас не успеа да донесе замена за Гуеи. Во ситуација кога клубот не донесе замена за Гуеи, менаџерот Оливер Гласнер се закани со оставка доколку капитенот биде продаден во Ливерпул.

Интересно, Кристал Палас подготви проштално видео за својот капитен, кој помина медицински прегледи во Мерсисајд и го помина попладнето со претставници на англиските шампиони. Тој беше воодушевен од можноста што му се укажа, шансата да ја подигне својата кариера на највисоко можно ниво.

Парите од трансферот на Гуеи (околу 40 милиони евра) Палас требаше да ги инвестира во дефанзивецот на Брајтон, Игор, но Бразилецот во последен момент ја смни одлуката и ја прифати понудата од Вест Хем.

Откако Ливерпул не успеа да го донесе Гуеи, пропадна и трансферот на Џо Гомез во Милан, бидејќи „црвебите“ ќе останеа само со тројца стопери доколку се реализираше таа зделка.

Foto/ „X“

Scroll to Top