Дефанзивецот Родриго де Соуза Прадо, познат во фудбалскиот свет како Родригао, пристигна во Црвена звезда. Бразилскиот фудбалер потпиша двегодишен договор во просториите на клубот и го одбра дресот со број пет.
„Многу ми е мило што ќе имам можност да играм европски натпревари, тимот ја освои титулата и оваа сезона, а Црвена звезда веќе еднаш беше шампион на Европа, Мотивиран, заедно со соиграчте да продолжиме да редиме успеси“, рече Родригао.
Последниот клуб за кој играше Бразилецот беше рускиот Зенит. Во февруари оваа година, тие постигнаа договор за предвремено раскинување на соработката. Тој се приклучи на тимот од Санкт Петербург во 2022 година.
Пред тоа, 30-годишникот роден во Бразил, во септември 1995 година, играше за Атлетико Минеиро, Калденсе, Коимбра, Бое Еспорте и Феровија во Бразил. Во Европа играше за Жил Винсенте во Португалија, а пред Зенит беше во Сочи.
Родригао е второт засилување за црвено-белите, за новата сезона. Претходно клубот ги договори сите детали со српскиот репрезентативец Милош Вељковиќ, кој реши да се врати во татковината откако му заврши договорот со Вердер.