Управата за јавни приходи на Бразил замрзнала дел од семејниот имот на фудбалската ѕвезда Нејмар, поради сомнение дека затаил данок во 2013 година кога го направи трансферот од Сантос во Барселона.
Бразилските медиуми пишуваат дека Нејмар не платил данок во висина од 15,6 милиони евра, додека неговите адвокати инсистирале дека станува збор за сума од 2,6 милиони евра.
Во имотот што е замрзнат се наоѓаат авион „Cesna Citation 680“ вреден 18 милиони долари и хеликоптер „Еуроцоптер 134 B4“ чија вредност изнесува два милиони долари.
Бразилецот не смее да ги продаде овие две летала бидејќи тие се гаранцијата за правосудството и Управата за јани приходи доколку фудбалерот се соочи со можни санкции.